Македонија

Дали Пендаровски му го растури казино бизнисот на Груби?

Дали Пендаровски му го растури казино бизнисот на Груби?

По одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не го потпише указот за стапување на сила на измените на законот за игри на среќа низа портали на албански јазик симптоматично почнаа оркестрирано да објавуваат исти текстови во кои се прави обид одлуката на Пендаровски да се поврзе со интересите на приредувачите на игри на среќа.

[irp posts=”344210″ ]

Станува збор за портали кои според медиуми истражувања важат за блиски на Артан Груби. Особено што нападот кон Пендаровски е по ист терк како оној кон претседателката на Врховен Суд Беса Адеми.

Принт скрин од објави агрегирани од агрегатор на вести на албански јазик

При објавите против Пендаровски се занемарува фактот дека станува збор за забелешки на Европска комисија за злоупотреба на ЕУ знаме за законски измени кои немаат никаква врска со хармонизација на европското законодавство.

Оттука, јавноста со право се прашува на што се должи оваа нервоза? На друштвените мрежи се прашува дали на Артан Груби му гори под нозете или можеби не може да исполни нешто што ветил?

Албанската опозиција го обвини за наводни дилови со српското подземје. Го прозиваат Артан Груби дека на сите владини одлуки поврзани со Државна лотарија е потпишан, особено за формирањето на три нови компании за организирање игри на среќа преку интернет. Станува се поинтересно во рамки на таканаречениот „Европски фронт”. Може да се очекува дека внатрешните превирања ќе изнесат на виделина нови скандали.

„Сакам да работам“: Заштитени устав и ЕУ вредности, 10 илјади семејства може да здивнат!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни