Готвењето сурово месо носи некои ризици. Затоа, потребно е темелно да се мијат садовите, даските за сечење и површините на кои е поставена оваа храна. Но, што е со самото месо?
Дали треба да го измиеме пред готвење? Одговорот на ова прашање го дава нутриционистот од клиниката Мајо – Ања Хил.
„Што се однесува до зеленчукот, миењето помага да се ослободите од песок или друга нечистотија. Ова го намалува бројот на микроби на површината. Но, кога станува збор за месо и живина, тоа е сосема друга приказна “, вели Хил.
Таа нагласува дека не треба да се мие месо од живина, бидејќи го зголемува ризикот од ширење бактерии во кујната и телото на готвачот. Безбедно е да се готви месо директно од пакувањето, бидејќи фабриките имаат систем кои го спречува растот на бактериите.
Хил нагласи дека е многу поважно да се готви месо на вистинска температура. Ова ќе ги убие сите бактерии. Значи, треба да знаеме дека пилешкото треба да се доведе до температура од 74 степени Целзиусови, говедско, свинско и јагнешко до 63 степени, а меленото месо е безбедно да се јаде на температура од 71 степен.
Можете да ја измерите температурата на месото со специјален термометар со сонда.
