Дали знаете за што служи фиоката под рерната? Не e за тоа што го помисливте

Арон Патерсон на својот профил на Тик Ток сподели откритие што шокираше многумина. Имено, во едно од видеата, тој им објасни на луѓето за што служи фиоката под рерната – и не, нејзината цел не е да ги складирате садовите, како што мислат повеќето луѓе.

„Колку години имавте кога сфативте дека фиоката под печката не е за садови“, ги прашал неговите следбеници, а потоа открил дека служи за да се загрее храната откако ќе ја извадите од рерната.

Повеќето следбеници му пишуваат во коментари дека не можат да веруваат дека фиоката е за тоа.

„Шокиран сум, не верувам, ова е невозможно“, напишал еден корисник, додека друг открил друга цел и повторно бил изненаден:

„Може да се чува тесто за подготовка на разни колачи и десерти“, пренесува Вечерњи.