Претседателката на Судски совет Весна Дамева, на денешната седница рече „вработените во судовите каде што има такви судии за вакви или слични дејствија да пријавуваат да не молчат“.
– Нема да дозволиме корумпирани судии кои го потонуваат и газат судството и да дозволиме да останат и ќе ги принудиме со наведнати глави засрамени ако воопшто имаат срам, да судницата во којашто требале да делат правда да ја заменат со затворски решетки. Граѓаните знаеме сите сме го дискутирале тоа дека граѓаните мораат секогаш да добијат правда којашто ја заслужуваат, ама воедно ние колеги треба да размислуваме како на еден начин да дадеме еден позитивен чекор и со самите судии, и вработените во судовите каде што има такви судии за вакви или слични дејствија да пријавуваат да не молчат, рече претседателката Дамева.