Даниловски: Овој срам никогаш нема да си го испереме!

Случајот со шверцот на цитостатици на Косово кој го правеле вработените на Онкологија предизвика жестоки реакци кај стручната јавност.

Професор доктор Драган Данаиловски кој беше еден од најактивните лекари на социјалните мрежи за време на пандемијата до коронавирусот, порача дека ова е срамен пораз за Медицинскиот факултет каде што предава тој.

“СРАМ

Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се:

И овој да не е од „таквите“?

Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“.

Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ!

Едит:

Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши студенти. На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж…” , напиша Даниловски.