Македонија

Давкова му го додели мандатот за формирање Влада на Христијан Мицкоски

Давкова му го додели мандатот за формирање Влада на Христијан Мицкоски

Денес претседателката Гордана Сиљановска Давкова му го додели мандатот за формирање Влада на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, чија партија на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати.

Сиљановска Давкова, повикувајќи се на уставните рокови и фактот дека претседателот на Собранието Африм Гаши беше избран со 76 гласови, изрази уверување дека Мицкоски може да формира влада и затоа му го доверува мандатот.

Од денес тече дваесетдневниот рок за формирање на нова Влада. Мандатарот Мицкоски вчера изјави дека очекува новата влада да биде формирана пред крајниот рок, а по одбележувањето на годишнината на партијата на 17 јуни.

Се очекува по средбата со Сиљановска Давкова, мандатарот да даде изјава за медиумите.

ВМРО-ДПМНЕ за формирање нова Влада водеше разговори со коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ. Поделбата на ресорите е веќе позната, а имињата сè уште не се соопштуваат официјално.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни