Македонија

Давкова помилува и член на наркокланот „Барон“ и првообвинет во аферата „Шпион“

Давкова помилува и член на наркокланот „Барон“ и првообвинет во аферата „Шпион“

Покрај екс градоначалникот на Битола Владимир Талески и Шенол Маслани, претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилува уште две лица.

Помилувани се Акиф Рвамановски, член на наркокланот „Барон“, како и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“.

Неофицијалните информации на ТВ21 велат дека Рвамановски е лицето кое пукало во ногата на 35-годишникот Е.А. пред неколку дена во скопската населба Чаир.

Како што претходно пишувавме, околу 18 часот и 10 минути, затвореник за кој во моментот беше нејасно како го напуштил затворот, пукал кон член на групата Грчец најверојатно поради должничко-доверителни однос.

За Ефремов пак, во истрагата за случајот „Шпион“, полицијата утврди дека тој бил вработен во Агенцијата за разунавање, но во 2009 година откако добил отказ формирал злосторничка група во која влегле поранешни или тогаш сè уште активни вработени во УБК, Јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Воената полиција, Државниот архив и сопственици на медиуми…

При претресот во неговиот дом беа пронајдени поголеми количини оружје, експолозив и најобемна документација со класифицирани информации од случајот „Шпион“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни