Претседателката Гордана Силјановска-Давкова вчеравечер присуствуваше на свечена вечера организирана од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
Во пријатна атмосфера, Силјановска-Давкова и другите присутни воделе разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир.
„Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите“, порача претседателката преку својата објава на Твитер.
Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир.
Само преку заемна почит и разбирање… pic.twitter.com/LuGeUSMnJ6
— Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) October 30, 2025