Македонија

Дефект на далековод остави неколку скопски населби без струја

Дефект на далековод остави неколку скопски населби без струја

Делови од Скопје, вклучувајќи ги Новоселски пат, Стопански двор, дел од Волково, Орман, Никишани и Блаце, попладнево се без напојување со електрична енергија.

Според информации од ЕВН, проблемот е предизвикан од дефект на далековод, а екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Граѓаните во овој дел од Скопје на социјалните мрежи коментираат дека слична ситуација се јавува секоја сезона. Голем дел од нив се греат на парно, греење кое работи на електрична енергија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни