Во Вишото јавно обвинителство во Зајечар денеска е сослушан Дејан Драгијевиќ, еден од осомничените за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ кај Бор.
Според Заечарското обвинителство, тој негирал дека го сторил делото, а во зградата се задржал два часа и 20 минути.
Се вчитува...
Тој беше сослушан по барање на неговиот бранител, дополнително да биде сослушан од ВЈТ Зајечар.
Да потсетиме, полицијата и обвинителството претходно соопштија дека Драгијевиќ ја признал вината и изнесол детали за тоа кривично дело.
Двајца осомничени беа приведени на 4 април, а телото на девојчето се уште не е пронајдено.
