Предло декларацијата по повод 120 години од Илинденското Востание и Крушевската Република, е на дневниот ред на денешната 125. седница на Собранието.
СДСМ ја поднесе Декларацијата на неколку дена пред најголемиот македонски државен празник. Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски тогаш изјави дека очекува сите пратеници без разлика од која партија доаѓаат, да ја поддржат и таа да биде усвоена од македонското Собрание.
Најавата за донесување на Декларација во пресрет на големиот државен празник дојде веднаш по информацијата од Софија дека Народното Собрание на Бугарија ќе расправа за предлог декларација „Декларација за Илинденското-Преображенско востание“ предложена од пратеници.
Станува збор за говор на тројца пратеници во Собранието за одбележување на годишнината од, како што тие го нарекуваат, Илинденско -преображенско востание кое Бугарија го одбележува на 20-ти јули.
На 2 август се одбележуваат годишнините од почетокот на Илинденското востание, кренато во 1903 и заседанието на АСНОМ во 1944, кога биле поставени столбовите на државност.
