Дел од наставниците не го прифаќаат покачувањето на платите кое вчера го договорија СОНК и Владата.
Иако вчера по средбата претседателот на СОНК Јаким Неделков и Министерот за образование и наука Јетон Шакири изгледоа пред медиумите и рекоа деке постигнат е договор, денеска целиот случај добива нова димензија откако дел од наставниците не го прифакаат тоа покачување.
Попладнево во Влада, како што дознава 4NEWS.mk ќе има нова средба на која ќе биде соопштен ставот на наставниците. Според наши извори, 90% од членството не го прифаќа покачувањето од 12% на платата.