Македонија

Делегација на СДСМ предводена од Зечевиќ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев

Делегација на СДСМ предводена од Зечевиќ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски, заедно со пратеничката Даниела Колева и членката на Извршниот одбор, Ивона Кузмановиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.

-Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски револуционери, национален херој чие наследство го чуваме, го почитуваме и силно го промовираме.

Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост денеска е визија на социјалдемократите.

Делото на великанот Делчев, кој го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, останува силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на слободна, независна и европска држава, е пораката од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски по повод 151 година од неговата смрт.

Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни