КП „Водовод Битола“ известува дека поради дефект на пумпа во пумпната станица „Довлеџик“, поголем дел од ниската зона на градот останал без вода.
Дефектот е саниран, а во тек е монтажа на пумпата.
Од претпријатието најавуваат дека водоснабдувањето се очекува да се стабилизира во вечерните часови.