Македонија

Делови од Скопје и Македонија под полициска акција – уапсени неколку лица доцна вечерва

Делови од Скопје и Македонија под полициска акција – уапсени неколку лица доцна вечерва

Во последните два часа во повеќе делови на Скопје и на Македонија се спроведува координирана акција на единици на МВР, чија цел се членови на насилни криминални групи, пишува Плус инфо.

Во моментов забележливо е големо присуство на полициски сили во скопските општини Чаир и Арачиново, но и во други делови на Скопје.

Единиците на МВР се подготвени за бурна ноќ, бидејќи акцијата ќе се прошири и во други градови.

Од МВР информираа дека се спроведува акција за лишување од слобода на сторители на кривични дела на неколку локации низ државата. Повеќе информации за акцијата ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни