Поврзи се

Македонија

Демант на демантот од ТЕ-ТО АД

Published

on

Демантот го пренесуваме интегрално:

Оваа информација има за цел да се спречи неточното информирање на јавноста од страна на ТЕ- ТО АД
во врска со огромниот скандал во кој се оштетени македонски фирми во висина од над 40 милиони
евра, а во тој износ штетата на Топлификација АД е над 33 милиони евра во моментот.
Во информациите кои деновиве се лиферираа од раководството на ТЕ -ТО АД искажани се повќе
невиситни. За повеќето од нив нема потреба ниту да се коментира. Но мораме да реагираме на една
небулоза со која раководството на ТЕ- ТО АД сака да прикрие јавно признание изнесено во Планот за
реорганизација на ТЕ -ТО АД кој е основен документ со кој се отпишани 150 милиони долгови на ТЕ ТО АД и
е направена огромна штета на македонски фирми.
Активноста која е предмет на анализа во Планот за реорганизација на ТЕ- ТО АД и која анализа се цитира
на сите прес конференции на Топлификација АД од средината на 2018 година до денес се реализира од
2014 до ноември месец 2017 година.
За таа активност во Планот за реорганизација на ТЕ ТО АД на осмата страна е наведено:
“Како дополнителен товар во неповолното работно окружување на компанијата, покрај
објективните пазарни услови, се наметнуваат и следните фактори:
 Условеноста на ТЕ -ТО АД да го набавува природниот гас преку посредни компании надвор од
Република Македонија, наместо директно од производителот на природен гас.
 Условеноста на ТЕ -ТО АД да ја продава електричната енергија на краен трговец назначен од
добавувачот на природен гас по таканаречен принцип на полутолинг и тоа индексиран само
на една берза.
На десетата страна од Планот за реорганизација е наведено дека ТЕ -ТО АД во втората половина на 2017
година го раскинал договорот за набавка на природен гас со посредничката компанија со што се
направени заштеди од 0,3 милиони евра месечно.
На истата страна е наведено дека ТЕ ТО АД го напушти и полутолинг моделот со што се направени
заштеди од 0,2 милиони евра месечно.
(Во дел од демантите на ТЕ- ТО АД деневиве се тврди дека полутолинг моделот им носел заштеди, а во
Планот за реорганизација наведуваат дека кога го откажале договорот за снабдување на гас од
посредник и кога го откажале полутолинг моделот направиле вкупна заштеда од 0,5 милиони евра
месечно.)
Оваа јавно признание во Планот за реорганизација дека ТЕ- ТО АД трпело непазарни штети заради
условеноста да купува гас од посредник и да продава електрична енергија по полутолинг систем во
висина од 0,5 милиони евра месечно е причината да се постават прашањата:
 Кои се фирмите кои имале корист од штетите на ТЕ -ТО АД на месечно ниво од половина милион
евра?
 Кој се сопственици на овие фирми?
 Колку месеци траело тоа оштетување на ТЕ -ТО АД?
 Колкава е вкупната штета предизвикана на ТЕ- ТО АД во овој период?
2
Здружението на акционери на Топлификација АД бара во најкраток можен рок Државната комисијата за
спречување корупција и МВР да ги објави фирмите и сопствениците на истите кои биле вклучени во
полутолинг моделот и во снабдувањето со гас на ТЕ ТО АД.
Здружението за заштита на правата
на акционерите во Топлификација АД- Скопје

-Текстот продолжува по рекламата-
Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
4NEWS.mk

Борче Ристевски жали што си ја убил својата сопруга , а неговата ќерка Сара ќе го сака и кога ќе се врати дома

4NEWS.mk

Словенечките медиуми за распуштањето на Собранието и разрешувањето на Мизрахи

4NEWS.mk

МВР со детали за двојното убиство во казино во Скопје

Македонија

Талат Џафери: Моментот кога ми се јави Никола Тодоров да ме праша во која канцеларија е Зијадин Села, ми остави најголем впечаток

Македонија

ВИДЕО: Со 80 „За“ и 6 „Против“ изгласан законот за јавно обвинителство

Македонија

Џеват Адеми до ВМРО-ДПМНЕ: Најдовте не -Mакедонка, жена, да ви го брани името Македонија, мажите од ВМРО-ДПМНЕ се кријат

Македонија

Џафери за 27. април, за Вељановски, Мукоски… „Не служев на ВМРО-ДПМНЕ, но дали тоа го правеше СДСМ?“

Македонија

Дескоска до Милошоски: Тоа што го пуштивте пред некој ден не беше бомба, туку обична петарда

4NEWS.mk

Скопјанец уценувал малолетна прилепчанка дека ќе објави фотографии доколку не остварат средба

Македонија

Коалиционите партнери во војна – Костадинов го прозва случајот „Пациентот со Бујар Османи“

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com