Демири: Нема проблем со компресорите, едноставно се појавува лоша миризба – испратени мостри во Германија

Министерот за здравство Илир Демири денеска на прес конференција објасни што се случува на Клиничкиот центар со хируршките сали.

„Негде пред 30 години се градени тие хируршки сали, и поставена таа инсталација за снабдување со кислород и компримиран воздух. Значи скоро 30 години е компресорската станица. Месец дена од ден денешен имаше хаварија во компресорската станица кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување, влегување на уље во тие цевки, по што тој компресор е прекратен од функција. Беа 3 компресори, почна клиниката да функционира со 2 компресори, ги издувавме комплетно цевките, поминаа технички преглед од две независни институции“, вели Демири.

Тој додава дека на сметка на квалитетно испорачување на компримиран воздух го прекратиле од функција хипербарната комора која е дел од Пластична хирургија.

„Побарав итно од менаџерите да поднесат барање и да се сервисираат истите компресори. Повторно се случи истиот проблем, значи без да има никаква хаварија во системот, едноставно се појавува лоша миризба поради што веднаш реагиравме и ги повикавме повторно независните институции. Спроведоа испитување, зошто во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи во јавноста за квалитетот на испорачаните гасови, побаравме странска компанија, и денеска се испратени мостри во Германија да се испитаат“, вели Демири.

Тој додава дека двете македонски лаборатории не е виден никаков недостаток во квалитетот, освен што има влага по што дале насока два пати дневно да се менуваат филтрите од компресорските станици.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното