Македонија

Демократски сојуз: ДУИ и СДСМ да не го блокираат изборот на член на ДИК

Демократски сојуз: ДУИ и СДСМ да не го блокираат изборот на член на ДИК

Демократскиот сојуз ги повикува ДУИ и СДСМ, да не го блокираат изборот на член на Државната изборна комисија поддржан од опозициските политички партии на Албанците, бидејќи тоа е законска обврска.

„Алијансата на Албанците една година е дел од парламентарното мнозинство и партиципира со свои министри во Владата и другите ешалони на власта и нема законски основ да предлага, односно да поддржува кандидат за член во ДИК.

Решенијата од Изборниот законик се јасни и опструкциите од ДУИ и СДСМ укажуваат на можно сценарио за кршење на изборните правила и оспорување на изборните резултати.

Ја повикуваме Комисијата за избори и именувања да постапи согласно законите и да не биде дел од сценариото за блокада на комплетирањето на ДИК“, велат од ДС.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни