Македонија

Ден 32 без вода во Автокоманда – жителите во очај поради кризата

Ден 32 без вода во Автокоманда – жителите во очај поради кризата

Жителите на скопската населба Автокоманда веќе 32 дена се соочуваат со сериозен проблем – немање вода за пиење и основни хигиенски потреби. Еден од нив, револтиран од ситуацијата, на социјалните мрежи сподели искуство со кое ја опиша секојдневната борба за преживување во услови на воден колапс.

„Ден 32 без ВОДА! Автокоманда, 3-4 км до сам центар! Ви благодарам ЈП Водовод и канализација Скопје за водата сабајле во 2 часот, успеав да наполнам буриња и шишиња, па чистев, па перам… бреј, утрински маратонски мултитаскинг за да го преживееме денот! Хајлајт на утрото: туш со кофи после водно!“, напиша жителот во својот Фејсбук статус.

Тој иронично се обрати и до институциите и функционерите, споменувајќи ја градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Општина Гази Баба, Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, прашувајќи дали ќе обезбедат „боледување со 100% покривање од фондот до септември, бидејќи веќе нема снага со само два часа сон“.

Жителите на Автокоманда веќе со недели апелираат до надлежните за итно решавање на проблемот со водоснабдувањето. Велат дека краткотрајните дојави на вода во доцните ноќни часови не се доволни за нормален живот, а дополнително се пожалија на недостиг на информации за причините и роковите за надминување на кризата.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни