Македонија

Ден на жалост утре во Велес поради трагичната смрт на трите лица

Ден на жалост утре во Велес поради трагичната смрт на трите лица

На денешната 55. седница, Советот на Општина Велес донесе одлука да го прогласи утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројца сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи на 16 октомври 2024 година на автопатот Скопје-Велес.

Според информациите од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата ќе бидат истакнати на половина копје, а сите планирани културни и спортски настани за утре ќе бидат одложени.

Угостителските објекти во Општината ќе свират сериозна музика во знак на почит.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни