Македонија

Ден на жалост во Србија, Бугарија, Црна Гора и Бих поради трагедијата во Кочани

Ден на жалост во Србија, Бугарија, Црна Гора и Бих поради трагедијата во Кочани

Во Србија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина го прогласија денешниот ден 18. март за ден на жалост по повод трагедијата во Кочани пред два дена.

Владите на овие земји донесоа одлуки за проласување на ден на жалост како сочувство за невидената трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани утрото на 16-ти март пред 3 часот, по што загинаа најмалку 59 лица.

Низ македонските амбасади во светот се отворени книги на жалост. Отворени се книги на жалост и во Собранието и во Министерството за надворешни работи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни