Македонија

Денес ќе се одржи свечена промоција на нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР

Денес ќе се одржи свечена промоција на нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР

Денес ќе се одржи свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година, во Центарот за обука на МВР во Идризово, со почеток во 11:00 часот.

На промоцијата обраќања ќе имаат премиерот на техничката Влада Талат Џафери, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и Сузе Трајковска, раководител на Центарот за обука на МВР.

Настанот ќе биде пренесуван и во живо на официјалната страница на Министерството за внатрешни работи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни