Македонија

Денес продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Денес продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Денес во собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжува амандманската расправа по релабансот на Буџетот за 2024 година.

58 амадмани се поднесени, а во изминатите денови поминати, но неприфатени се 20-тина амандмани.

Според очекувањата на владејачкото мнозинство, ребалансот треба да биде усвоен во втората недела од август.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на почетокот на расправата за ребалансот на Буџетот посочи дека тој е скроен согласно затекнатите состојби во Буџетот и дека се обезбедени средства за се она што треба да се исплати согласно закон.

За пратениците од парламентарното мнозинство, ребалансот е за спас на државата затоа што средствата во Буџетот биле планирани само за првите шест месеци од годината и фалат пари за обврски што треба да се исплатат од страна на државата, додека оценката на опозицијата е дека ребалансот е скроен за да ги задоволи коалициските договарања и не се работи за никакво штедење затоа што од Буџетот треба да се исплатат најмалку 12 нови функционери од четирите нови министерства.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни