Македонија

Денес се празнува Преподобен Тимотеј

Денес се празнува Преподобен Тимотеј

Пустиник на местото наречено Символи, на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и сè до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот.

А бидејќи на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, му даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа, Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси.

Овој свет човек се упокои во 795 година

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни