Македонија

Денеска е Преподобен Теодор Осветен

Денеска е Преподобен Теодор Осветен

Теодор беше роден и порасна како незнабожец.

Но, како момче дојде до познание на вистината и откако слушна за свети Пахомиј, тајно од своите родители, отиде во неговиот манастир.

Свети Пахомиј го прими и наскоро многу го засака заради неговата необична ревност и послушност.

По смртта на свети Пахомиј Теодор стана игумен на сите манастири што овој ги основа (свети Пахомиј се слави претходниот ден). Доживеа длабока старост и во мир се упокои во 368 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни