Македонија

Денеска и утре авионска и терестрична дезинсекција против комарци

Денеска и утре авионска и терестрична дезинсекција против комарци

Град Скопје информира дека денеска и утре, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци.

По неа, на 30 јуни ќе започне и терестричната (од земја) дезинсекција, која ќе се реализира до 3 јули, во ноќните часови, од 22:00 до 03:00 часот.

Од Градот напоменуваат дека, доколку временските услови не дозволат спроведување на дезинсекцијата, таа ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин.

Град Скопје апелира до пчеларите навреме да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни