Македонија

Денеска ќе биде соопштена новата цена на струјата, ќе имаме ли ценовен шок?!

Денеска ќе биде соопштена новата цена на струјата, ќе имаме ли ценовен шок?!

Денеска Регулаторната комисија за енергетика се очекува да ја соопшти новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи која ќе важи од 1 јули.

На тендерот што го распиша универзалниот снабдувач ЕВН Хоме беше прифатена цената од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови за покривање на 85 проценти од потребите, додека за останатите 15 проценти беа пристигнати три понуди, но ниту една не беше прифатена поради тоа што понудите биле повисоки од моменталните пазарни цени.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски вчера изјави дека ќе нема ценовен шок.

Со слична најава и премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека не очекува зголемување на цената на електричната енергија, посочувајќи дека се исполнети двата услова – донесени се дополнувањата на Законот за енергетика и универзалниот снабдувач ги оптимизирал количините за да не дојде до енормно зголемување на цената на струјата.

„Кога го поднесував дополнувањето на Законот за енергетика имав две пораки. Првата е пратениците час поскоро да го изгласаат ова дополнување, и тоа тие го сторија, и втората порака беше до компанијата која е универзален снабдувач, тоа е „ЕВН Хоум“, да ги оптимира количините за да не дојде до енормно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и за корисниците од универзалниот снабдувач. Она што го добив како информација е дека и двата услови се исполнети. Сега останува до Регулаторната комисија да одлучи, таа е независен орган“, изјави Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни