Македонија

Денеска пресуда за Васил Јованов кој на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова

Денеска пресуда за Васил Јованов кој на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за сообраќајката во која трагично загина Фросина Кулакова. Обвинетиот Васил Јованов веќе призна вина за делото „тешки дела против безбедноста во сообраќајот“.

Несреќата се случи на 29 јануари на булеварот „Партизански одреди“, кога Јованов, без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со брзина од 91 км/ч, удри во Кулакова на пешачки премин додека таа поминувала на зелено светло. Од ударот, таа почина на лице место.

За делото е предвидена казна до 20 години затвор.

Обвинение е поднесено и против таткото на обвинетиот, Зоран Јованов, за дозволување управување возило без дозвола.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни