Денеска температурата ќе се искачи до 31°С, од утре ќе има голема промена на времето

Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното