Македонија

Денот потоа: Како весниците ја забележале радоста по референдумот

Денот потоа: Како весниците ја забележале радоста по референдумот

Како изгледала Македонија утрото по историскиот референдум?

Одговорот може да се најде во весниците од 9 септември 1991 година, зачувани во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ која ја посети 4ТВ.

На нивните страници е забележана атмосферата од прославата на плоштадот Македонија во Скопје. Уште во вечерните часови граѓаните почнале да се собираат, а плоштадот станал претесен да ги прими сите што сакале да го прослават историскиот ден.

Имало музика, поезија, огномет и известувања за резултатите од гласањето.

Во весниците биле објавувани и информации од различни градови во Македонија – Штип, Берово, Крушево, Кавадарци, Пробиштип, Битола, Кичево и други места.

Денес, овие страници се еден вид временска капсула.

Тие не покажуваат само што се случило на 8 септември. Покажуваат и како изгледала радоста на граѓаните во моментот кога ја дочекале веста.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни