Македонија

Дерала и Фронтлајн демантираат дека спонзорирале лажни видеа против Николоски

Дерала и Фронтлајн демантираат дека спонзорирале лажни видеа против Николоски

Џабир Дерала, главниот уредник на Фронтлајн и на уште неколку други портали ја демантираа и осудија веста дека редакцијата спонзорирала или дека има каква било поврзаност со видео во кое потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е изваден од контекст.

„Ја осудуваме злоупотребата на телефонскиот редакциски  број на Фронтлајн и ја сметаме за крајно тенденциозна и манипулативна. Ова е обид да се урне нашиот углед и кредибилитет, а клеветите ги отфрламе целосно и со индигнација. Очигледно е дека се работи за сатирично видео, како и тоа дека соговорникот на ТВ21, Николоски, е изваден од контекст, што исто така е за осуда“, реагираат оттаму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни