Македонија

Десет пациенти денеска се пуштаат на домашно лекување

Десет пациенти денеска се пуштаат на домашно лекување

Десет пациенти, кои беа повредени во страшниот пожар во дискотеката во Кочани, денеска се пуштаат на домашно лекување.

Се работи за еден пациент од Штип, еден од Детска хирургија, три од Торакална хирургија и пет пациенти од приватните болници „Систина“ и „Жан Митрев“.

Претходно, пуштени на домашно лекување беа три пациенти.

Вкупно во Македонија се лекуваат 37 пациенти, додека пак надвор од држава се 115, за кои можно е во текот на следната недела неколку да се вратат во државата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни