Македонија

Деспотовски со честитка за почетокот на градежните работи на АБЕЕ: Инвестиција од 40 милиони евра и 600 нови работни места

Деспотовски со честитка за почетокот на градежните работи на АБЕЕ: Инвестиција од 40 милиони евра и 600 нови работни места

Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски денеска се јави со изјава во врска со почетокот со реализација на инвестицијата на АБЕЕ во Кичево.

„Им честитам на “Авеста Батерис енд Инжинеринг” (АБЕЕ) за официјалниот почеток на градежните работи во ТИРЗ Кичево. Особено ме радува што реализацијата на проектот се одвива според договорените рокови од Договорот за инвестиција, кој го потпишавме во мај 2023 година.

Оваа инвестиција, со вкупна вредност од 40 милиони евра, претставува важен чекор за развој на регионот, носејќи над 600 нови работни места за нашите сограѓани. Ваквите проекти имаат директно влијание врз подобрување на животниот стандард на населението и отвораат нови перспективи за локалната економија.

Она што е особено позитивно е дека новата Влада го продолжува тоа што го започнавме. Континуитетот во реализацијата на вакви стратешки инвестиции е клучен за просперитетот на нашата земја. Ова покажува дека кога во работата ја ставате Македонија на прво место, придобивките се за сите граѓани.

Посакувам успешна и брза реализација на овој проект, со надеж дека истиот ќе биде пример за многу други инвеститори кои веќе ја препознаваат Македонија како стабилна и атрактивна бизнис дестинација.“, напиша Деспотовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни