Ви носиме детална прогноза за времето до следната недела.
Имено, до недела ќе има пониски утрински температури, додека пак преку денот ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност.
Минималните утрински температури ќе се движат од 9 до 15, додека пак максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени.
Во Македонија во четврток ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Локално во северозападните како и во североисточните и источните предели со услови за слаб локален дожд. Минималните температури ќе се движат во интервал од 9 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 31 степени.

Во петок и сабота по свежото утро со температури од 8 до 19 односно од 7 до 18 степени, во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со температури кои што ќе бидат во пораст и ќе се движат во интервал од 21 до 32 односно од 22 до 33 степени.
Во Македонија во недела сончево и топло време.
Утринските температури од 8 до 19 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 23 до 34 степени.