Македонија

Детското одделение во Стушката болница отворено за пациенти болни од Ковид 19

Исполнети се капацитетите предвидени за пациенти позитивни на Ковид 19 на Интерното одделение во Струшката општа болница.

Директорот на Болницата Мухамед Асани за МИА информира дека од денеска на располагање е Детското одделение.

– Од денеска на располагање е детскиот оддел. Пациентите што се лекуваат на Детско се префрлени во друг дел. Без проблем и непрекинато ќе функционираме, изјави Асани.

На Интерното одделение во Болницата во Струга, додаде, во моментот се хоспитализирани 24 лица, кои ја добиваат потребната медицинска помош.

Во однос на медицинскиот кадар тој посочи дека покрај постојаниот што работи во Болницата во справување со пандемијата со коронавирусот на помош се дојдени и стружани специјализанти.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни