Свет

Девојка пронајдена мртва во „колиба за менструација“

Девојка пронајдена мртва во „колиба за менструација“

16-годишна девојка од Непал починала од каснување од змија, која поради менструалниот циклус била принудена да поминува време во посебна колиба пред својот дом.

Нејзината смрт е првата смрт која настанала поради обичајот „чаупади“, односно жените и девојчињата се сметаат за „нечисти“ додека имаат менструација, пренесува Гардијан.

Во рамките на ова традиционално разбирање, кое е поврзано со хиндуизмот, на жените не им е дозволено да вршат голем број активности, а во некои случаи тие мора да поминуваат време во „циклични колиби“.

Практикувањето на таквиот обичај беше официјално забрането во 2005 година.

Семејството на починатото девојче негирало дека имала менструација кога починала.

„Работиме на прекинување на оваа практика, но ни претстои уште многу работа“, изјави потпретседателката на општината каде почина девојчето, Биуна Бата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни