Џафери: Крмов ќе си ја плати направената штета, околу говорница пратеникот нема имунитет

Претседателот на Собранието Талат Џафери за САКАМДАКАЖАМ.МК одговара дека штетата што е направена од кршењето во пленарната сала, треба да си ја плати тој што ја направил пишува СДК.

„Ние сме вработени во Собранието и ние сме одговорни за имотот и за инвентарот внатре. Вие смеете да кршите таму кај што работите? Не. Исто е и во Собранието. Ќе се формира комисија за утврдување на материјалната штета, сметката ќе оди кај тој што ја причинил. Не може граѓаните да ги плаќаат искршените компјутери“, вели Џафери.

За фрлањето на хартии по глава на Мисовски, Џафери не сака сега да коментира, само кажа дека кога Никола Груевски му фрлил вода во лицето, ветил пред себе дека ќе биде последниот пратеник чие насилно однесување во сала го истолерирал како претседател, без да ги преземе мерките кои му се дадени со надлежностите.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  Спасовски: Се преземаат опсежни активности за пронаоѓање за Вања

„Пратеникот има имунитет само за кажаното на собраниската говорница. Чекор од говорницата и околу неа, нема имунитет за тоа што го прави и сакам во оваа прилика да потсетам“, кажа собранискиот спикер,

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното