На брифинг со новинарите утрово претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека рокот за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските истече, односно тоа е рокот за формирање на техничка влада 100 дена пред избори и распуштање на Собранинето.
Опозициската партија бараше распуштање на Собранието и формирање на техничка Влада, но од СДСМ на последните одржаните партиски состаноци не беше донесена одлука за предвремени парламентарни избори. Од Бихаќка велат дека одлука ќе биде до крајот на оваа недела.