Македонија

Џевахир Скај Сити – ЕВН ја остави без струја

Џевахир Скај Сити – ЕВН ја остави без струја

ЕВН утрово без најава и образложение ја исклучила од напојување со електрична енергија кулата Б од комплексот Џевахир Скај Сити.

Освен заедничките простории и лифтовите, без електрична енергија подолг период останале и приватните станови за домување, што наишло на револт и нервозни реакции од станарите.

„На уредно платени сметки за струја, ЕВН без најава ни ја исклучува струјата, отежнувајќи го секојдневното функционирање“ коментира станарка во кулата, додека нејзин сосед вели дека и претходно имало слични постапки од ЕВН, на кои што реагирал и пријавувал, но како што вели тој, сето тоа било залудно.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни