Американскиот претседател Џо Бајден има коронавирус, објави Белата куќа. Од таму информираат дека има благи симптоми.
Бајден утрово е позитивен на КОВИД-19. Пред околу четири месеци, тој јавно прими втор бустер и ги повика невакцинираните да го сторат истото.
79-годишниот Бајден ќе се изолира во Белата куќа и во овој период ќе продолжи да ги исполнува своите должности во целост. Тој ќе остане во изолација додека тестовите не бидат негативни.
Белата куќа, исто така, најави дека секојдневно ќе известува за состојбата на претседателот.
Денеска ќе бидат известени сите блиски контакти на Џо Бајден, вклучително и сите членови на Конгресот и сите членови на печатот кои имале контакт со него за време на неговото вчерашно патување.
Американскиот претседател последен пат беше тестиран за ковид-19 во вторникот, кога резултатот беше негативен.