Критики и забелешки за фиктивни гласачи, пречки за да го најдат името во избирачкиот список, се само дел од жалбите на граѓаните од претходните избори. На само два месеца до претседателските избори, од ДИК велат дека оваа институција постојано го ажурира списокот на гласачите и дека сето ова се прави во законски рамки.
ДИК апелира до 8 февруари, овој петок, граѓаните да се снабдат со лични карти за кои аплицирале и истите се подготвени од МВР, инаку постои опасност да не се најдат на избирачкиот список. Од ДИК велат дека немаат точен број за тоа колку лица не ги земале документите за идентификација за кои аплицирале. Од оваа институција исто така апелираат да се контролира рокот на документите за идентификација.Од ДИК велат дека доколку се донесе одлука за одржување и на предвремени парламентарни избори, тогаш тие како институција се подготвени и за претседателските и за предвремените парламентарни избори, исто така известија дека во соработка со МВР, лицата со попречености, кои сакаат да аплицираат за лични документи, со документи и посебно барање, постои можност да им се обезбеди мобилна екипа со чија помош ќе можат да аплицираат за лични документи како што се сликање и процесот што следи потоа.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ