Македонија

Димитриеска-Кочоска: До овој момент нема пристигнато понуда за изградба на брзата пруга долж Коридорот 10 – рокот продолжен до 7 јули

Димитриеска-Кочоска: До овој момент нема пристигнато понуда за изградба на брзата пруга долж Коридорот 10 – рокот продолжен до 7 јули

До овој момент нема пристигнато понуда за изградба на брзата пруга долж Коридорот 10, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Како што посочи, проектот е сложен и на банките им е потребно дополнително време за анализа и појаснување на сите детали.

На прес-конференција во Владата, каде даде отчет за сработеното во првата година од мандатот, Димитриеска-Кочоска нагласи дека рокот за доставување на понудите е продолжен до 7 јули, кога ќе се знаат повеќе информации.

– Интересот е голем. Испративме барање за понуди до 22 финансиски институции, а дополнително уште две банки самостојно изразија интерес, па и до нив испративме барање. Целта е да добиеме што подобри услови и пониска цена за реализација на проектот. Бидејќи има многу прашања, рокот е продолжен за да им се даде време на банките да добијат појаснувања – изјави министерката.

Министерството за финансии во моментов е во постојана комуникација со 24 банки кои треба да испратат понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга од Коридорот 10.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни