Македонија

Димитриевски: Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава, посветено чекорејќи по патот, кој води кон квалитетен живот на сите нас

Димитриевски: Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава, посветено чекорејќи по патот, кој води кон квалитетен живот на сите нас

Претседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија, Максим Димитриевски по повод 8-ми септември Денот на независноста упати честитка.

„Со должна почит денеска ја одбележуваме 33-годишнината од осамостојување на независна и суверена Република Македонија, како остварување на трудот и пожртвуваноста на многу генерации.

Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава, посветено чекорејќи по патот, кој води кон квалитетен живот на сите нас.

Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас.

Смело да зачекориме по зацртаниот пат на развој и просперитет.

Да бидеме лидери во економски развој, да имплементираме квалитетни
проекти за подобар живот на граѓаните, со цел обезбедување сигурна
иднина за генерациите, кои допрва доаѓаат.

Нека ни е честит и вековит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!“ – вели Димитриевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни