Димитриевски: Купував правосмукалка мислев дека Груби ќе излезе од рафтот

Во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски изјави: „вчера купував еден производ во една продавница тука во Скопје, правосмукалка и отидов на рафтот, викам сега да не ми излезе Артан Груби од рафтот“.

Димитриевски алудираше дека вчера бил во Нептун.

-Вчера купував еден производ во една продавница тука во Скопје, правосмукалка и отидов на рафтот, викам сега да не ми излезе Артан Груби од рафтот. Претпоставувате во која фирма. Таква бламажа и недозволени пропусти, но факт е дека секој извршува одредена позиција и функција и самиот полициски службеник кој го направил пропустот треба да одговара, вели Димитриевски.

Инаку сопственикот на Нептун и почесен конзул на Косово го изнесол Артан Груби преку граница.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното