Никола Димитров, шефот на македонската дипломатија, во интервју за „Гласот на Америка“ истакна дека е во фаза на тоа да има дебата со самиот себе за кандидирање за шеф на државата. Особено што сега Македонија е во важен процес на зачленување во НАТО и Во ЕУ.
-Имам дневни дебати сам со себе околу тоа прашање, но, во овој момент од една страна треба да мислиме каков профил ни треба, имајќи го предвид искуството од изминативе десет години, и од друга страна да видиме што ќе донесе овој важен процес – изјави Никола Димитров.