Македонија

Димитровски за распеаниот Ахмети: Не плаќам даноци и такси за да вие како мој избраник седите во Кабинет и пеете

Максим Димитриевски Градоначалникот на Општина Куманово во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека ДУИ со државава владее, а СДСМ е нивен привезок.

Тој ја искоментира и видео снимката на која Ахмети пееше заедно со косовниот пејач Илир Шаќири.

„Она што денеска се случуваше со пеењето на песни по кабинети. Видете, јас не плаќам даноци и такси за да вие како мои избраник седите во кабинет и пеете. Тој кабинет се финансира со парите на граѓаните, па да пеете доколку граѓаните ви се среќни, но во Македонија на сите анкети граѓаните не се чувствуваат среќни, а политичарите им пејат“, вели Димитриевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни