Учеството на делегацијата на МВР е организирано и поддржано од Министерството за правда на САД и Амбасадата во Скопје, преку полициското аташе Мајкл Беки и тимот на ИЦИТАП Македонија.
Темите на работилниците во склоп на конференцијата меѓу другото вклучуваат- најдобри практики поврзани со поплаки за пристрасно полициско постапување, истраги за употреба на сила, лидерство и транспарентност.
„Денеска остваривме и средба со ѓ-ѓа Вирџинија Глисон од ФБИ-Асоцијацијата за развој во спроведување на законот, а на средбата дискутиравме за вклучување на процедуралната правда во процесот на внатрешни работи и одговорност, воедно заеднички ги разгледавме и потребите и можностите за идна заедничка соработка. Задоволство ми беше да дискутирам за овие важни прашања поврзани со темата интегритет и нивната примена кај нас.“, потенцираше директорот Јанев.