Македонија

Дивеел со Голф по улиците на Скопје – полицијата со кривична за возач без возачка дозвола!

Дивеел со Голф по улиците на Скопје – полицијата со кривична за возач без возачка дозвола!

Денеска (22.03.2025) во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул.”Александар Македонски” во Скопје сопреле патничко возило “фолксваген голф”, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час.

Покрај тоа, М.Е. го управувал возилото без важечка возачка дозвола.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 а од КЗ- “безобѕирно управување со моторно возило”.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни