Македонија

ДКСК евидентираше 1.916 возила на државни институции пред локалните избори

ДКСК евидентираше 1.916 возила на државни институции пред локалните избори

Во Регистарот на возила на државни органи, локална самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица со државен капитал, во рамки на рокот предвиден за локалните избори на 19 октомври, се евидентирани 1.916 возила.

Институциите требаше до 18 август да достават информации за бројот на возила, марката, годината на производство, регистарскиот број и возната состојба до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Во случај на ненавремено доставување на податоците, ДКСК покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена.

Евидентирањето има цел да се спречи користење на службените возила за изборни кампањи од страна на функционери, именувани или избрани лица.

Владата донесе одлука сите службени возила да добијат црвени специјални регистарски таблички најдоцна до 15 септември 2025 година, за поголема транспарентност и спречување злоупотреби. Исто така, се предвидува воведување на специјален регистар на државни автомобили, кој ќе овозможи прецизна евиденција за нивната локација и користење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни