Државната комисија за спречување корупција отвори предмет за кандидатот за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, поради ветувањето за бесплатни медицински прегледи во приватната болница „Аџибадем Систина“.
Како што објави Призма, антикорупционерите ќе испитуваат дали болницата е донатор на неговата кампања.
Според Изборниот законик, донација не се смета само парична помош, туку и обезбедување бесплатни услуги.
Настанот се одржал во просториите на болницата, пред логото на брендот, во присуство на д-р Ристо Симеонов, национален координатор за здравство, кој е и дел од тимот на „Систина“ како детски хирург.
Противкандидатот Стевчо Јакимовски го обвини Лукровски за предизборен поткуп.
Од Јавното обвинителство потсетуваат дека секој сомнеж за поткуп може да се пријави, по што ќе се утврди дали има оштетени.
Извор: Призма